Македонскиот интернационалец, Агрон Руфати, повеќе не е дел од тимот на Зорја. Дефанзивецот изминатиот период немаше преголема минутажа во прволигашот од Украина, па со оглед на неговите години, Руфати одлучи во договор со клубот, да си замине и да си пронајде нов клуб, каде што ќе минува повеќе време на теренот.
Тој е екс Македонски младински репрезентативец, и фудбалски израсна во Хрватска каде што беше дел од Динамо Загреб, а потоа и од Локомотива, односно Истра, за да направи потоа трансфер во Украина.