Се менуваат работите за Ѓоковиќ и неговиот настап на Ролан Гарос

513

Нов шок за Новак Ѓоковиќ по депортацијата од Австралија. Најдобриот светски тенисер ја изгуби битката со Федералниот суд на оваа земја, па нема да има можност да ја брани титулата на Австралијан Опен.

Додека Ноле се чека да пристигне во Белград во меѓу време стигна нова информација. Иако беше најавено дека ќе може да учествува на Ролан Гарос, сепак тамошните медиуми пишуваат поинакви информации.

Добро е познато дека во оваа земја за влез е потребен документ за вакцинација, засега нема одлука од страна на Владата за друга вид пропусница за влез во Франција ниту за спортистите.

А според политиката тепко дека е да се очекува да биде поинаку.

Со други зборови секој кој што ќе сака да учествува ќе мора да се вакцинира.

Слична е ситуацијата и во Англија и во САД, доколку не дојде до подобрување во бројките со заразени од коронавирус, најверојатно Ѓоковиќ нема да може да учествува на ниту еден Гренд Слем.

Секако за српскиот тенисер постои излез од оваа ситуација, а тоа е да се вакцинира што поскоро. Што ќе одлучи Ноле ќе биде познато во следните денови.

ПретходноМиркуловски не завршува со ова ЕП: Ќе играм за Македонија и на баражите!
СледноИ официјално без Елмас со Италија: ФИФА ги поништи картоните, но не и суспензиите!