Талевски: Ова е шлаканица, се беше во наши раце, а ништо не искористивме

332

Македонија со три порази го заврши Европското ракометно првенство. Порази од Словенија, Црна Гора и Данска и со нула бодови си одиме дома. Бекот Филип Талески по мечот со Данска вели дека овој шампионат е една голема шлаканица.

Мора да работиме на падовите во играта кои што не смеат да се дозволат ако сакаме да имаме подобри резултати. Отворивме добро, но не знаевме тоа да го искористиме. Првенството е голема шлаканица за нас бидејќи се беше во наши раце, но ништо не искористивме. Сите работи ни се на дланка и мораше само да го искористиме тоа, а ние потфрливме“, изјави Талевски.

ПретходноФранција ја победи Србија и ја прати дома!
СледноДЕСЕТКА ЗА „ФАЛАНГАТА“ – Капа доле за сите во „Феникс“ Арена (ВИДЕО+ФОТО)