ФИФА „The Best“: Ристовски гласаше за победникот, а Милевски за Жоржињо

225

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски гласаше за Роберт Левандовски во изборот за најдобар фудбалер на светот за 2021 година. Максимални бодови Ристовски даде за Левандовски кој втора година по ред е најдобар фудбалер според ФИФА, а фудбалерот на Динамо на второ место го стави Лео Меси, а трет Кристијано Роналдо.

Селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски гласаше за италијанскиот репрезентативец и член на Челзи Жоржињо за најдобар фудбалер. Според него на второ место на списокот е Роберт Левандовски, а трет Лео Меси.

Левандовски е најдобар фудбалер на светот според ФИФА

 

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Македонија – Данска (11-15)
СледноФМП загуби од Макаби и го впиша шестиот пораз во БИБЛ