Јакобсен има „арсенал на оружје“: Ќе има ротации, имаме доволно широк ростер за Македонија

164

За да се биде конкурентен на едно големо натпреварување и воедно да се стине до онаа последна фаза – битката за тронот, потребен е квалитетен и широк ростер. Една од оние репрезентации кои може да се пофали со ова е Данска.

Николај Јакобсен ќе го нема на располагање, Јаник Грин, голманот на Магдебург ќе биде поштеден за дуелот со Македонија (вечерва, 20:30 часот), но тоа пак не е проблем, бидеќи тука се Никлас Ландин и Кевин Мелер.

И во една вакца ситуација, Јакобсен има избор, тој најави ротации, но што точно ќе се случи ќе биде познато подоцна. Самодовербата во редовите на Данска е голема, предводникот вели дека нема да се одрази ништо во играта, има доволно сили за еднакво добра игра.

„Сигурно ќе има ротации, некои други играчи ќе добијат шанса. Имаме доволно широк ростер за да го менаџираме тоа и да не се одрази врз нивото на игра. Има толку многу смиреност и самодоверба во тимот овде што ако играме лош натпревар, веројатно ќе бидеме конкурентни за победата. За нас е важно да влеземе и да го направиме она што треба да го направиме против Македонија. Мора да играме натпревар во полн ек и да играме за да победиме“, вели Јакобсен.

ПретходноГолот на Ристовска во ТОП 5 во ЛШ
СледноИлиев се прости од Арсенал