Доаѓа денот што најмалку го посакувавме. Сите во оваа пандемија на коронавирус, на свој ризик тргнавме кон Унгарија, се со една цел – од лице место да ги следиме мечевите на македонската ракометната репрезентација на ЕУРО 2022, а без размислуваме на последиците ако не дај боже сме позитивни.
Тука во Дебрецен сонот не се исполни, Македонија наместо во Будимпешта ќе фати првец кон Скопје. Со голем хендикеп го отворивме континенталното натпреварување. Уште од поодамна беше познато дека Дејан Манасков еден од поискусните ракометари нема да го носи „црвено-жолтиот“ дрес, стигна повредата на Никола Марковски пред собирот, па поведата на Кирил Лазаров и на крајот позитивниот тест на Стојанче Стоилов.
Вербата ја изгубивме веднаш, но против Словенија одигравме борбено и машки, иако имавме многу технички грешки. Токму ова сценарио не вивина во облаци, наместо планираниот триумф над Црна Гора – стигна поразот.
Одново грешевме, брзоплетоста не ја одзема радоста, не турна во депресија. Не успеавме, следеа критики и неубави коментари на сметка на ракометарите и стручниот штаб.
Главната замерка беше борбеноста. Па вечерва нашите момци имаат само една задача. Токму против силната Данска да излезат и да изгинат на терен, тоа ќе биде мал, но доволен лек на раните кои ни се отворија од големата желба за национален успех.
Достоинствено, го кренати глави да го почнат и завршат мечот. Времето ќе покаже дали ова е максимумот или можеме повеќе.
На крајот да не заборавиме, дека оваа селекција ја победи Данска во март минатата година во квалификациите за пласман на ова Европското првенство во дебито на Кирил Лазаров на селекторското место. А сите останати дуели ги имаме изгубено. Со оваа селекција имаме средби на пет големи првенства досега и пет пати загубивме. На СП 2009 во Хрватска, на ЕП во 2012, СП 2013, ЕП 2014 и ЕП 2018.