ДЕСЕТКА ЗА „ФАЛАНГАТА“ – Капа доле за сите во „Феникс“ Арена (ВИДЕО+ФОТО)

609

Вистинско лудило беше вечерва во „Арената“ Феникс. Иако Македонија беше немоќна против Данска и со три порази се збогува со ова Европско првенство, сепак оние кои ги запалија своите автомобили или пак дојдоа со автобуси, на трибините „грмеа“ како да се пласиравме во главната рунда.

Песни се пееја од првата до последната минута. Ги поздравија и испратија ракометарите како да се херои. Имаат не десетка, стотка – за фештата која ја направија во изминатите денови, за тоа што не се штедеа….

Капа доле за сите!

ПретходноТалевски: Ова е шлаканица, се беше во наши раце, а ништо не искористивме
СледноВоска го прати Шпенд Асани на позајмица во Велешта!