Елмас асистент во победата на Наполи, шок за Милан од Специја во 95 минута! (видео)

171

Екипата на Наполи славеше со 2:0 на гостувањето кај Болоња во рамките на 22 коло од Серија А. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот меч, а му асистираше на Лозано за погодокот во 20. минута.

Лозано погоди и во 47. минута со што ја запечати победата на Наполи, инаку 14-та сезонава која ги зацврсти на третото место на табелата со четири бода повеќе од четвртата Аталанта и два бода помалку од вториот Милан.

„Росонерите“ направија голем кикс вечерва со тоа што на домашен терен се поразени од Специја со 1:2. Рафаел Леао обезбеди водство за четата на Стефано Пиоли пред крајот на првиот дел, а изедначи Агудело во 64. минута. Да кажеме дека една минута пред погодокот на Леао, Тео Ернандез промаши пенал.

Во 93 минута Жуниор Месиа постигна гол за Милан но во моментот на шутот на фудбалерот на „росонерите“ се слушна свирчето на судијата поради фаул на Бастони над Раде Круниќ на околу 20 метри од голот. Во наредната минута Гијаси ja погоди мрежата и ги шокираше „росонерите“.

Милан има 58 бода, два помалку од лидерот Интер.

ПретходноЛевандовски е најдобар фудбалер на светот според ФИФА
СледноШтета: Филип Кузмановски се повреди!