Надал лесно го мина првото коло на Австралија опен

156

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал лесно се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако на првиот ден на првиот Грен Слем годинава го совлада Американецот Маркос Жирона со 6:1, 6:4, 6:2.

„Играм се подобро и подобро. Тешко е да се каже каде сум во споредба на моето најдобро ниво. Мора да одите од ден на ден, да прифатите дека не оди секогаш добро и да останете позитивни“, изјави 35-годишниот Надал по натпреварот.

Во моментов шестиот тенисер во светот цели кон рекордната 21. Грен слем титула, а работата уште повеќе му е олеснета откако деветкратниот шампион на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, вчера беше депортиран од Австралија, откако му беше одбиена жалбата за визниот режим.

Надал во второто коло ќе игра против победникот од мечот Ханфман (Германија) – Кокинакис (Австралија).

Седмиот тенисер во светот, Италијанецот Матео Беретини, го победи Американецот Брендон Накашима со 4:6, 6:2, 7:6, 6:3, и се пласираше и во второто коло на првиот Грен слем турнир на сезона, каде пласман обезбедија и Французинот Гаел Монфис, кој беше подобар од Аргентинецот Федерико Корија со 6:1, 6:1, 6:3 и Шпанецот Пабло Карењо, кој славеше против Аргентинецот Томас Мартин Ечевери со 6:1, 6:2, 7:6.

Русинот Карен Хачанов го елиминира Американецот Денис Кудла (3: 6, 6: 3, 6: 2, 7: 6), Французинот Адријан Манарино беше подобар од Австралиецот Џејмс Дакворт (6: 4, 2: 6, 3: 6, 6:2, 6:1), додека Американецот Себастијан Корда го победи Британецот Камерон Норија (6:3, 6:0, 6:4).

ПретходноОтказот од Џенова може да го чини селекторско место: Полска се откажа од Шева
СледноЈокиќ не можеше сам против „џезерите“ (ВИДЕО)