Македонската кошаркарска федерација ги објави сите детали поврзани со организација на финалниот турнир на Купот на Македонија “Благоја Георгиевски – Буштур“ 2022 во машка и женска конкуренција.
Поднесувањето на пријавите е најдоцна до (Среда) 26 овој месец, почетната сума на јавното наддавање за организација на Купот изнесува 500.000 денари.
Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10 % од почетната сума, до почетокот на лицитацијата, на сметката на КФСМ.
Сите детали може да се прочитаат на следниот ЛИНК.
Купот на Македонија ќе се игра од 18 до 20.02.2022 година по системот, 1-8, 2-7, 3-6, 4-5.
Извлечените двојки се следните, Пелистер – ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар, Работнички – Феникс и Навико Академија ФМП – Еуро Никел. МЗТ Скопје е бранител на титулата.