Се чини дека најмал проблем за Новак Ѓоковиќ ќе биде неиграњето на Австралија Опен. Имено по враќањето во Белград, Србинот го дочека веста дека поради фактот дека не е вакциниран, тешко дека ќе може оваа сезона да настапи и на Ролан Гарос. Ако се знаеше дека УС Опен и Вимблдон тешко дека ќе ги види, секако ако нешто не се смени во поглед на короната, тогаш ретко кој помислуваше дека и Франција за него ќе биде мисловна именка.
Ушто полошо за него е тоа што дури и спонзорите најавуваат дека немаат намера веќе да бидат со Новак. Се шпекулира дека дури и „Лакост“, главниот спонзр на Србинот, ќе размисли дали да ја продожи соработката. Ова “Лакост“ во денешното соопштение го најави.
Значи тврдоглавоста и упорноста да не се вакцинира, Новак може да го чини милиони и милиони.