Јокиќ не можеше сам против „џезерите“ (ВИДЕО)

155

И покрај уште една добра партија на Никола Јокиќ, кој постигна нов трипл-дабл, кошаркарите на Денвер беа поразени на домашен терен од Јута со 125:102. Јута го реши мечот во последната четвртина во која Денвер постигна само 14 поени.

Јокиќ го заврши натпреварот со 25 поени, 15 скока и 14 асистенции за осмиот трипл-дабл сезонава, со кој се изедначи со Расел Вестбрук. Јута, која ја прекина серијата од четири порази, до победата ја предводеа Донован Мичел со 31, Бојан Богдановиќ со 21 и Руди Гобер со 18 поени и 19 скока.

Кошаркарите на Минесота на домашен терен славеа против Голден Стејт со 119:99. Најдобар во победничкиот тим беше Карл-Ентони Таунс со 26 поени и 11 скока, Џејлен Новел постигна 17, а Малик Бисли 16 поени. Кај гостите кои настапија без Стеф Кари, најефикасен беше Џордан Пул со 20 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Феникс 108:135

Сакраменто – Хјустон 112:118

Денвер – Јута 102:125

Минесота – Голден Стејт 119:99

ПретходноНадал лесно го мина првото коло на Австралија опен
СледноЧелзи понуди 40 милиони, Барса бара 60 милиони евра за Де Јонг