Мишевски: Благодарност до публиката, треба верба, оваа генерација има иднина

223

Марко Мишевски како и сите останати ракометари од Дебрецен заминаа со тешко срце. Посакуваа многу повеќе, но реалноста беше поинаква. Сликата од Дебрецен вели дека Македонија ќе мора да биде трпелива за да игра на нивото на кое сме навикнати.

Не сме шампиони, не сме ни биле. Видовме дека без Кирил Лазаров е тешко, а уште потешко кога составот не е комплетен. Шанса да заиграат добија сите. Иако зад сите се трите порази, никој не ја губи вербата за подобра иднина.

„Мислам дека дадовме се од себе. Според мене, не беше заслужена оваа разлика од 10 гола на крај за данската репрезентација. Се боревме на ова првенство и на овој натпревар, дадовме се од себе. Мислам дека оваа генерација има иднина. Се надевам, ќе ни следи голем успех во иднина. Можам само да се заблагодарам на публиката која дојде овде да и даде поддршка на македонската репрезентација. Публиката секогаш е нашиот осми играч и ни дава ветер во грб“, истакна Марко Мишевски по мечот, кој Европското првенство го заврши со пет гола. 
ПретходноРоналдо гласаше за Левандовски, Меси не….
СледноСудиската организација во Италија му се извини на Милан за вчерашниот скандал! (ВИДЕО)