Реал Мадрид прифатил понуда на Њукасл за Еден Азар во висина од 33,4 милиони фунти плус уште 8 милиони во форма на бонуси, но белгискиот фудбалер одбил да се пресели на „Сент Џејмс парк“, соопшти „Дејли меил“.
Белгискиот крилен фудбалер беше еден од најдобрите во светот за време на престојот во Челзи, но по трансферот во Реал во 2019 година тотално пропадна. Слаба форма, постојани повреди, дебелина се дел од проблемите со кои се соочува Азар и поради кои Реал не може да смета на него постојано.
„Кралевите“ би се ослободиле од него, а убава понуда пристигнала од Њукасл, меѓутоа Азар ги пореметил нивните планови со образложение дека не сака да игра за клуб кој се бори за опстанок, туку доколку треба да прави трансфер ќе направи во друг голем клуб.