Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум ја раскина соработката со напаѓачот Дејан Цветановски и голманот Урош Ѓуриќ. Договорен е обостран прекин на соработката по што двајцата играчи се слободни да си бараат нови клубови.
Договорот на Цветановски истекуваше на крајот на сезоната, додека Ѓуриќ имаше договор до летото 2023 година. И двајцата претходно дојдоа од редовите на Ренова.