Барселона со радикални мерки за Дембеле: Нема да игра ако не потпише нов договор

245

Ситуацијата со Усман Дембеле во барселона станува се посложена. Агентот на играчот денеска јасно стави до знаење дека максимално ќе ги брани правата на Французинот и не разбираат зошто Барселона се заканува дека нема да го става во игра, иако тој има активен договор.

Новиот договор на Дембеле е во многу критичен момент, откако неговиот агент Муса Сисоко во интервју истакна дека е изненаден од однесувањето на Каталонците.

„Ние не сме тука за да ги храниме дебатите на социјалните мрежи. Но, вистината мора да се каже. Да, имаме барања кон клубот, но веќе покажавме дека опциите за кариерата на Усман не се диктирани од парите, инаку тој не би бил тука. Така што, Барселона да сакаше да преговара, можеше да се обиде да седне на маса со нас да разговараме. Освен што нема дискусија, само слушаме закани дека Усман нема да игра повеќе во нивниот тим. Тоа не е дозволено и ние ќе ги браниме нашите права“, вели агентот на Дембеле.

ПретходноНевакцинираните играчи на Челзи и Реал може да не играат против Лил и ПСЖ во ЛШ
СледноГабон и Мароко си поделија по бод доволен за следна фаза (ВИДЕО)