Екипата на Брегалница успеа да го совлада рускиот второлигаш Кубањ од Краснодар со 1:0 во пријателски меч одигран во спортскиот комплекс „Папилон“ во Белек. Во добра игра штипскиот прволигаш ја обезбеди првата победа на пријателските натпревари, а погодокот го постигна Мартин Стојанов во 60.минута.