Синоќа и рано изутринава по наше време, се одиграа повеќе натпревари во најсилната лига во светот. Далас на крилјата на Лука Дончиќ успеа да го ја победи Оклахома со 104-102, и веднаш треба да се каже дека Словенецот дојде до нов трипл-дабл сезонава или вкупно 41-ви во кариерата. Тој дојде до 20 поени, 12 асистенции и 11 скокови.
Инаку и овој натпревар беше во рамките на денот на Мартин Лутер Кинг, празник на кошарката во кој се одиграа вкупно 12 натпревари.
Бруклин на својот прв меч после повредата на Кевин Дурент загубија од Кливленд со 107-114.
Чикаго го забележа својот четврти пораз во нива, овојпат загуби од Мемфис со 106-119.
Лејкерси и Леброн Џејмс славеа на дуелот со Јута и тоа со 101-95. “Кралот“ постигна 25 поени.
Аталанта го победи актуелниот првак, тимот на Милвоки со 121-114. Портланд успеа да дојде до триумф над Орландо со 98-88, а Мајами Хит пак беше подобар од Торонто со 104-99, додека Феникс дојде до триумф над Сан Антонио само поради одличното издание во последната четвртина која ја доби со 34-16, крајниот резултат на овој меч беше 121-107.