Имобиле го однесе Лацио во четврфиналето на Купот (ВИДЕО)

104

По Милан, Фиорентина и Аталанта, екипата на Лацио е четвртиот патник во четврфиналето на Купот на Италија. По 120 минути игра, вечерва „римските орли“ славеа со 1:0 против екипата на Удинезе и успеаја да се пробијат меѓу осумте најдобри во Купот.

По 90 минути игра на дуелот во Рим немаше погодок. Единствениот и решавачки момент на средбата беше во 106 минута, кога Чиро Имобиле успеа да ја погоди мрежата на Удинезе за водство од 1.0, што на крајот излезе и конечен епилог на дуелот.

Нашиот Илија Несторовски влезе од клупата во1 08. минута на средбата.

 

ПретходноРеал му најде клуб на Азар но тој не сака да оди таму
СледноМаркоски си замина од „Чаир“, следува промоција во Шкендија