И Шпанија со порака до Новак, која нема да му се допадне!

314

Продолжуваат лошите вести за Новак Ѓоковиќ. По депортацијата од Австралија, по најавата за повлекувањето на спонзорите, по шокантната изјава од властите во Франција дека без вакцина нема да може да игра на Ролан Гарос, најновата е онаа од Шпанија.

Имено познато е дека славниот турнир во Мадрид е како “предигра“ на Ролан Гарос, па секој сака да игра во главниот град на Шпанија.

Сепак тешко дека Новак ќе има шанса да настапи во Мадрид, посебно по изјавата на премиерот на таа земја, Педро Санчес.

Секој спортист кој сака да се натпреварува во Шпанија мора да се придржува до здравствените правила на таа земја“, со други зборови тој го повика Новак да се вакцинира ако сака да игра во Шпанија.

За тоа што се случи во Мелбурн, Санчес беше јасен…

Ако тоа се правилата кои Владата на Австралија ги одобрила, тогаш сите мора да ги почитуваат. Апсолутен респект и поддршка на таквите мерки и донесени одлуки“ заврши Санчес.

ПретходноБруно Лабадија ќе му биде тренер на Пандев!?
СледноМитревски одново во ТОП 5 одбрани (ВИДЕО)