Левиот бек Сеад Колашинац го напушти Арсенал и се договори со францускиот Олимпик од Марсеј. Претходно Арсенал му се заблагодари на репрезентативецот на БиХ за придонесоа на „Емирати“ и обострано го раскинаа договорот. Одамна беше јасно дека Колашинац ќе си замине само се чекаше поволна понуда па екс-играчот на Шалке да ја смени средината.
Колашинац потпиша договор до 2023 година.
„Тој ќе донесе енергија, сила во тимот. Клубот е задоволен што донесе корпулентен и одличен фудбалер во своите редови“, соопштија од Марсеј.
Инаку, Колашинац е второто засилување за клубот од јужна Франција откако претходно потпис стави напаѓачот Седрик Бакамбу кој дојде од Пекинг Гуан.