Крах на Унгарците, Германија ја преслуша Полска за прво место

212

Репрезентацијата кодомаќин на ЕП 2022 Унгарија доживеа дебакл откако не успеа да се пласира во наредната фаза. Во одлучувачкиот меч загуби од Исланд и со тоа ги заврши настапите на европскиот шампионат. Унгарците се надеваа положија големи надежи на ова ЕП со оглед дека ги играа натпреварите на домашен терен, но доживеаа фијаско на крајот. По оној пораз од Холандија, сега се поразени и од Исланд. Единствената победа ја запишаа против Португалија што е недоволно за место во наредната рунда. Холандија како второпласирана ќе патува понатаму заедно со Исланд.

Унгарците се поразени од Исланд со 30:31 и завршија на третата позиција на табелата во групата Б. Инаку Исланѓаните имаа двајца расположени „бомбардери“ во своите редови, Елисон и Магнусон постигнаа по девет гола. Кај Унгарците најефикасен беше Банхиди со шест.

Мечот меѓу Полска и Германија во Братислава го судеа најдобрите македонски судии Николов-Начевски, а победи Германија со 30:23. И двете репрезентации изборија пласман понатаму (Германија има 6 бода, а Полска 4), а во „аут“ од оваа група се Австрија и Белорусија.

ПретходноШкотска легенда втор пат на кормилото на Евертон
СледноРеал му најде клуб на Азар но тој не сака да оди таму