Нашата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, вечерва ќе ја дели правдата на дербито во групата – Д, во кое се среќаваат Германија и Полска. Ова е дуел кој ќе реши кој ќе биде прв во групата, кој ќе оди во следната фаза со два бода, ако се знае дека и двете селекции уште по првите два меча ставија “печат“ на пласманот во наредната фаза од ова ЕП.
Не се сомневаме дека една од најдобрите судиските двојки во светот, ако не и најдобра, нема да има проблем и вечерва да ја покаже сета своја судиска класа.
Ова за нив ќе биде втор меч на ова ЕП, претходно тие го судија дуелот меѓу Словачка и Литванија.