Лидерот на табелата во домашното првенство, екипата на Шкупи, одлучи да ја прекине соработката со 26-годишниот напаѓач, Кире Маркоски.
Кире Маркоски дојде на Чаир во летниот преоден рок во 2021 година од тимот на Академија Пандев. Во периодот додека го носеше дресот на Шкупи одигра 20 натпревари и постигна 4 гола.
„ФК Шкупи му се заблагодарува на Кире Маркоски за трудот и придонесот за нашиот клуб и му посакува успешна кариера и здравје“, објавија од клубот.
Според информациите кои ги има СПОРТМЕДИА, нов клуб на Маркоски ќе биде Шкендија. Деновиве се очекува негова промоција во Тетово.