Нов лик на Пелистер: Ванчо Мицевски директор, „дрим-тим“ во УО!

4844

Конечно се случуваат и позитивните ветришта во ФК Пелистер, само неколку дена откако градот Битола го врати клубот под своја „капа“ и го реши проблемот со досегашните сопственици. ФК Пелистер е на дното од Првата лига, опстанокот е речиси е невозможна мисија, но во клубот влегуваат фудбалски имиња кои треба да го застанат овој клуб на здрави нозе.

СПОРТМЕДИА дознава дека е донесена одлука улогата на спортски директор во клубот да ја извршува легендарниот голгетер на „зелените“ – Ванчо Мицевски. Тој треба да биде прв оперативец на клубот кој покрај борбата за опостанок, ќе има и бој во Купот на Македонија каде „зелените“ се во полуфиналната фаза.

И не е само Ванчо Мицевски. Од кабинетот на градоначаникот Тони Коњановски деновиве на големо е работено за обединување на фудбалските легенди во градот на конзулите. Се очекува враќање на тандемот Митко Стојковски и Тони Мицевски во УО на клубот каде место треба да имаат уште неколку поранешни фудбалери, но и стопанственици и бизнисмени.

Пелистер оди во правец да затсане на здрави нозе со здрава основа, буџет и управа. Клубот повеќепати беше во незавидна позиција но никогапш како во изминатите месеци не беше злоупотребен и ставен во политичка функција на одредена партија и кандидат за градоначаник, кои ги загубија изборите и го доведоа Пелистер до работ на бездната.

Во текот на деновите кои следат очекуваме и официјална потврда на оваа наша информација која ја дознава СПОРТМЕДИА.

ПретходноХоландија во фото-финиш до победа над Португалија, прв успех за Белорусите
СледноНајслаб пласман на едно ЕП: Македонија заврши на 22. место на ЕП 2022