Реал му најде клуб на Азар но тој не сака да оди таму

509

Реал Мадрид прифатил понуда на Њукасл за Еден Азар во висина од 33,4 милиони фунти плус уште 8 милиони во форма на бонуси, но белгискиот фудбалер одбил да се пресели на „Сент Џејмс парк“, соопшти „Дејли меил“.

Белгискиот крилен фудбалер беше еден од најдобрите во светот за време на престојот во Челзи, но по трансферот во Реал во 2019 година тотално пропадна. Слаба форма, постојани повреди, дебелина се дел од проблемите со кои се соочува Азар и поради кои Реал не може да смета на него постојано.

„Кралевите“ би се ослободиле од него, а убава понуда пристигнала од Њукасл, меѓутоа Азар ги пореметил нивните планови со образложение дека не сака да игра за клуб кој се бори за опстанок, туку доколку треба да прави трансфер ќе направи во друг голем клуб.

 

 

ПретходноКрах на Унгарците, Германија ја преслуша Полска за прво место
СледноИмобиле го однесе Лацио во четврфиналето на Купот (ВИДЕО)