Роберт Левандовски е најдобриот фудбалер во светот за 2021 година во изборот на ФИФА, поточно наречен „The Best“. Познато е дека своите гласови за тоа кој ќе биде најдобар ги даваат и капитените на сите репрезентации во светот.
Кристијано Роналдо, кој на вчерашната манифестација во Цирих доби и специјална награда, на прво место го стави победникот Роберт Левандовски, на второ Нголо Канте а на трето Жоржињо.
Лео Меси пак најмногу поени му додели на Нејмар, неговиот голем пријател и соиграч од ПСЖ. На второ место во анкетата на Меси се најде Мбапе, а на трето Бензема
Додека победникот Левандовски гласаше за Жоржињо, Меси и Роналдо.
Инаку Роналдо вчера откри дека има намера да игра барем уште 4-5 години на задолство на своите фанови ширум светот.