Сензација во Купот на Германија: Второлигаш го елиминираше бранителот на трофејот Борусија (Д)

141

Фудбалерите на Ст. паули направија сензација во осминафиналето на Купот на Германија елиминирајќи го актуелниот бранител на куп-трофејот екипата на Борусија (Д). Вечерва пред своите навивачи Ст. Паули обезбеди победа од 2:1 во меч во кој со срце успеа да ги запре „милионерите“ кои во мечот влегоа како големи фаворити.

Домашните поведоа со голот на Аменидо уште во 4. минута, за во 40 минута со автоголот на Витсел да дојдат и до предност од 2:0.

Иако се очекуваше „милионерите“ да се потрудат да го свртат резултатот во вториот дел, стигнаа само до гол од пенал преку Халанд во 58. минута што ги означи и конечните 2:1.

Во вториот меч вечерва Бохум со 3:1 го совлада Мајнц и исто така си визираше место во четврфиналето.

ПретходноНајслаб пласман на едно ЕП: Македонија заврши на 22. место на ЕП 2022
СледноБрајтон повторно му „украде“ бод на Челзи (ВИДЕО)