Сопственикот на Евертон може да го продаде клубот поради долгови

218

Сопственикот на Евертон Фархад Мошири може да го продаде клубот, соопштува „Сан“. Според информациите на весникот, „карамелите“ може да се соочат со финансиски проблеми, па бизнисменот ќе го стави клубот на продажба. Евертон е проценет на 350 милиони фунти, а Мошири поседува 90% од акциите во клубот, инвестираше 450 милиони фунти во „Гудисон парк“. Клубот од Ливерпул претрпел загуби од 265 милиони фунти во последните три години.

Покрај тоа, сопственикот инвестираше 50 милиони фунти во подготвителни работи за дизајн на новиот стадион. За коплетирање на арената треба да се инвестираат дополнителни 350 милиони фунти.

На Евертон не му оди сезонава во Премиер лигата, се наоѓа на 16-тото место со 19 бодови, а го отпушти тренерот Рафаел Бенитез.

Кружат неколку имиња за негов наследник, се споменуваат Франк Лампард, Роберто Мартинез, Вејн Руни, легендите на клубот Тим Кејхил и Данкан Фергусон…

 

ПретходноСтруга ТЛ раскина со Цветановски и Ѓуриќ
СледноГвинеја на среќа се пласира во осминафиналето на Африканскиот куп