Судиската организација во Италија му се извини на Милан за вчерашниот скандал! (ВИДЕО)

760

И тоа го има во фудбалот, а посебно во Италија. Имено судиската организација во таа земја и официјално му се извини на Милан за скандалот што се случи синоќа на мечот со Специја. Да се потсетиме, се играше финишот на тој натпревар, Милан постигна гол за 2:1, но судијата Марко Сера од Торино, истиот го поништи и покажа дека претходно имало фаул врз еден фудбалер на Милан, врз Анте Ребиќ.

Шокатна одлука која просто го згрози целиот фудбалски свет, посебно фановите на гигантот од Милано. Овој клуб се бори за титулата во Серија А, а по вчерашниот пораз би можел да остане без неа. Па така откако резултатот беше 1:1, во последните мигови од мечот гостирте постигнаа гол и славеа на „Сан Сиро“. Тоа значи дека Милан место три бода, не освои ниту еден.

Главниот на судиите во Италија, Џанлука Роки веднаш го суспендира Сера, но бадијала,Милан остана без големи три бода.

ПретходноМишевски: Благодарност до публиката, треба верба, оваа генерација има иднина
СледноМакедонците Начевски и Николов вечерва ќе им судат на Германија и Полска!