Македонската ракометна репрезентација ги спакува куферите. Кирил Лазаров и неговите момци после полноќ со чартер лет ќе тргнат за Скопје.
Со горчина го напуштаат Дебрецен, немаа среќа да дојдат до една победа. Иако желбите беа големи кај сите – реалноста на теренот беше поинаква. Останува ова континентално натпреварување да биде едно големо искуство за голем дел од играчите со надеж дека ќе успееме да собереме, а Македонија ќе продолжи да учесвува на Светските и Европски првенства.