Чикињо е нов фудбалер на Вулверхемптон

139

Членот на У21 репрезентацијата на Португалија, и досегашен фудбалер на Есторил, Чикињо е нов играч на екипата на Вулверхемптон. Со ова, овој пемиерлигаш го донесе единаесеттиот интернационалец од Португалија во моментов.

Ако се земе впредвид дека менаџер на тимот е Бруно Мигуел До Насименто Лаге, нормално Португалец, а сите конци во клубот ги влече прославениот агент Бруно Мендеш, тогаш јасно станува се.

Чикињо од друга страна е дете на Спортинг Лисабон, играше и на позајмица во Тондела, и важи за еден од најперспективните фудбалери во Португалија.

Valter Gouveia via Guliver
ПретходноАсенсио во „аут“ три недели
СледноАкадемија Пандев сигурна против соседот Беласица