Шокантно: Боксер осуден на смрт поради учество во протести против Владата на Иран!

351

Мохамед Џавад Вафаеи– Сани (27), инаку боксер, е осуден на смрт од судските власти на Иран поради учество во протести против Владата на таа земја. Тој учествувал во протестите во 2019 година, 15 месеци по погубувањето на иранскиот борач кој исто така учествувал во анти – владини демонстрации.

Вафаеи – Сани учествувал, како што велат информациите, во уништување на владините згради.

Тој е приведен во 2020 година, а моментално некогашниот јуниорски првак се наоѓа во градот Машад, каде што и се одржале протестите кои боле поради наглиот раст на цените на горивата.

Инаку во Иран смртната казна се применува со бесење.

ФОТО: Tvitter

ПретходноМитревски одново во ТОП 5 одбрани (ВИДЕО)
СледноУште еден одложен натпревар во Англија