Брајтон повторно му „украде“ бод на Челзи (ВИДЕО)

94

Откако пред само две кола им „украдоа“ бод и на „Стемфорд Бриџ“, фудбалерите на Брајтон останаа непоразени и на домашен терен против екипата на Челзи во единствениот вечерашен меч од 24. коло на англиската Премиер лига.

„Сините“ дојдоа до водство преку Зијех уште во 28. минута, и успеава да одолеат на домашните обиди за израмнување се до 60. минута. Тогаш следуваше погодокот на Адам Вебстер кој повтроно ја „смрзна“ клупата на Челзи.

До крајот на мечот домашните успеаја да се одбранат и да го запишат 11-от нерешен меч сезонава.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноСензација во Купот на Германија: Второлигаш го елиминираше бранителот на трофејот Борусија (Д)
СледноЈуве лесно преку Сампдорија до четврфиналето на Купот (ВИДЕО)