Бруно Лабадија ќе му биде тренер на Пандев!?

283

По отказот кој го доби Андриј Шевченко во Џенова, по катастрофалните резултати во последните два месеци, најверојатно раководството на клубот ќе се реши за германско решение. Па така според пишувањето на медиумите во Германија, Бруно Лабадија би требало да му биде новиот тренер на Горан Пандев во Џенова.

Станува збор за некогашен познат германски фудбалер, тренер на повеќе екипи во Бундес – лигата, но и тренер кој наназад година дена е без ангажман.

ФОТО: Twitter

ПретходноСТАТИСТИКА ПО ЕП: Цветан Кузманоски е прв стрелец и единствен „пеналџија“
СледноИ Шпанија со порака до Новак, која нема да му се допадне!