Гвинеја на среќа се пласира во осминафиналето на Африканскиот куп

127

Репрезентациите на Сенегал и Гвинеја од групата Б се патници во наредната фаза на Африканскиот куп на нациите. Сенегал одигра без голови со Малави па со тој резултат Сенегалците го освоија првото место со 5 бодови, а втора на табелата заврши Гвинеја која загуби од Зимбабве со 2:1.

Гвинеја собра 4 бода исто колку и Малави и двете репрезентации имаа идентична гол-разлика 2:2. Но понатаму оди Гвинеја затоа што беше подобра во меѓусебниот дуел во првото коло (1:0).

Малави ќе чека по завршувањето на третото коло да види дали ќе биде меѓу четирите најдобро третопласирани па да се најде во нокаут фазата.

ПретходноСопственикот на Евертон може да го продаде клубот поради долгови
СледноКолашинац го засили Олимпик Марсеј