„Десетката“ на Стандард Лиеж опција за Македонија

4356

Фудбалската федерација на Македонија е во константна потрага по млади играчи со наше потекло ширум Европа и светот, и тоа низ годините ни донело доста позитивни нешта. Од Арија Адеми и Езџијан Алиоски кои со успех се предводници на нашата А репрезентација во моментов, преку играчи кои повеќе или помалку оставиле белег во нашите младински селекции. Сепак, дијаспората во континуитет не засилувала на фудбалски план и така ќе биде и во иднина.

А, во моментов ние планираме, посакуваме да се засилиме со иднината на гигантот од Белгија, Стандард Лиеж, односно капитенот на У17 генерацијата на овој тим. Рајан Бербери е момчето кое во моментов за нас е енигма, но не и за ФФМ кој деновиве е во контакт со него со опција тој да заигра за Македонија. Односно да ги промени националните бои затоа што Бербери во моментов со успех настапува и е капитен на репрезентацијата на Луксембург. Иако има само 17. години и е роден 2004 година сешак, Бербери веќе има настапи и за У19 селекцијата на оваа земја. Нашите информации велат дека тој веќе е „маркиран“ од странана ФФМ и дека многу бргу може да се случи, веќе напролет, да се најде на списокот на некој од нашите селектори.

 

ПретходноУште еден одложен натпревар во Англија
СледноСо мечевите во Б и Д групите вечерва завршува првата фаза од ЕП!