Англиските медиуми денеска пренесуваат дека екипата на Њукасл е подготвена во своите редови да ја донесе првата голема напаѓачка звезда. Тоа е Дуван Запата, 30. годишниот голгетер на Аталанта, кој е веќе профилиран како еден од најдобрите напаѓачи во Европа неколку сезони.
Запата има договор до 2023 година, а со оглед на неговата возраст сумата која што Аталанта ќе ја побара е некаде од 35 до 40 милиони евра, што во моментов не е никаков проблем за Њукасл.
Втората трансферна цел на „Страчките“ е стоперот на тимот на Севиља, Дијего Карлос играч кој има фиксна цена од 45 милиони евра, но и договор до 2024 година со тимот од Андалузија.
Њукасл има подготвено 120 милиони фунти за трошење во овој преоден рок.