Колашинац го засили Олимпик Марсеј

124

Левиот бек Сеад Колашинац го напушти Арсенал и се договори со францускиот Олимпик од Марсеј. Претходно Арсенал му се заблагодари на репрезентативецот на БиХ за придонесоа на „Емирати“ и обострано го раскинаа договорот. Одамна беше јасно дека Колашинац ќе си замине само се чекаше поволна понуда па екс-играчот на Шалке да ја смени средината.

Колашинац потпиша договор до 2023 година.

„Тој ќе донесе енергија, сила во тимот. Клубот е задоволен што донесе корпулентен и одличен фудбалер во своите редови“, соопштија од Марсеј.

Инаку, Колашинац е второто засилување за клубот од јужна Франција откако претходно потпис стави напаѓачот Седрик Бакамбу кој дојде од Пекинг Гуан.

ПретходноГвинеја на среќа се пласира во осминафиналето на Африканскиот куп
СледноШкотска легенда втор пат на кормилото на Евертон