МОК потврди: Македонија со тројца спортисти патува на ЗОИ во Пекинг!

286

Македонскиот олимписки комитет вечерва ги потврди имињата на македонските спортисти кои ќе не преставуваат на Зимските олимписки игри во Пекинг од 4 до 20 февруари оваа година. Според информацијата од МОК, врз основа на комуникација со ФИС (Меѓународната скијачка федерација) и ИОК (Меѓународниот олимписки комитет), МОК информира дека македонската Олимписка делегација, која ќе учествува на зимските Олимписки игри во Пекинг, ќе биде составена од следните спортисти:

* Ана Цветановска – Крос кантри – ФИС код 3755009  (тренер Борче Јовановски) – 126,98 ФИС поени / дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари).

* Дардан Дехари – Слалом – ФИС код 750089 (тренер Антонио Ристевски) – 58,50 ФИС поени / дисциплини слалом/велеслалом (настап на 13 и 16 Февруари).

* Ставре Јада – Крос кантри – ФИС код 3750031 (тренер Борче Јовановски) – 63,77 ФИС поени / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).

Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари.

Олимписката делегација која ќе биде водена од страна на спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски за Пекинг ќе тргне на 29 јануари, а во Скопје ќе се врати на 21 февруари.

ПретходноМаркоски си замина од „Чаир“, следува промоција во Шкендија
СледноНевакцинираните играчи на Челзи и Реал може да не играат против Лил и ПСЖ во ЛШ