Најслаб пласман на едно ЕП: Македонија заврши на 22. место на ЕП 2022

223

По одигрувањето на денешните четири последни дуели од првата фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка, стана комплетно познат и конечниот изглед на долниот дел од табелата на ова ЕП од 13-тото до 24-тото место.

Македонија која без бод се врати од Дебрецен, ова европско првенство ќе го заврши и официјално на 22. место. Зад нас се само селекциите на Босна и Херцеговина и Украина кои имаат послаба гол-разлика во нивните групи. Ова е дефинитивно најслабиот пласман на Македонија на своите досегашни учества на европските шампионати.

На првото учество на ЕП во 1998 година бевме 12-ти, додека на последното пред две години завршивме како 15-ти.

ПЛАСМАН: 

13. Чешка

14. Србија

15. Унгарија

16. Словенија

16. Белорусија

18. Словачка

19. Португалија

20. Австрија

21. Литванија

22. Македонија

23. БиХ

24. Украина

ПретходноНов лик на Пелистер: Ванчо Мицевски директор, „дрим-тим“ во УО!
СледноСензација во Купот на Германија: Второлигаш го елиминираше бранителот на трофејот Борусија (Д)