Роналдо гласаше за Левандовски, Меси не….

349

Роберт Левандовски е најдобриот фудбалер во светот за 2021 година во изборот на ФИФА, поточно наречен „The Best“. Познато е дека своите гласови за тоа кој ќе биде најдобар ги даваат и капитените на сите репрезентации во светот.

Кристијано Роналдо, кој на вчерашната манифестација во Цирих доби и специјална награда, на прво место го стави победникот Роберт Левандовски, на второ Нголо Канте а на трето Жоржињо.

Лео Меси пак најмногу поени му додели на Нејмар, неговиот голем пријател и соиграч од ПСЖ. На второ место во анкетата на Меси се најде Мбапе, а на трето Бензема

Додека победникот Левандовски гласаше за Жоржињо, Меси и Роналдо.

Инаку Роналдо вчера откри дека има намера да игра барем уште 4-5 години на задолство на своите фанови ширум светот.

ПретходноДончиќ со нов трипл-дабл за триумф на Далас со Оклахома!
СледноМишевски: Благодарност до публиката, треба верба, оваа генерација има иднина