Холандија во фото-финиш до победа над Португалија, прв успех за Белорусите

411

Со  два гола во самата завршница на мечот, Холандија, сепак, успеа да слави над Португалија со 32:31 и да го потврди второто место во групата „Б“ на европското првенство во ракомет и пласманот во втората фаза од натпреварите. Во меч кој беше неизвесен до самиот крај, Холандија имаше одлично прво полувреме и предност од 4 гола разлика (17:13), но Португалците беа одлични во вториот дел кога успеаја да се изборат и за предност во последните неколку минути на средбата (30:31).

Сепак, со головите на Слујтерс и Смитс во финалето на мечот, Холандија ја прокнижи и втората победа која ги остави зад Исланд, но ги однесе во следната фаза. „Бомбардерот“ смитс ги предводеше „лалињата“ со 8 гола, додека кај Португалија 7 постигна Итуриза.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Во Братислава во последниот меч од групата „Д“ селекцијата на Белорусија ја совлада Австрија со 29:26 и со тоа го освои третото место на табелата. Во оваа група се беше решено претходно, откако Германија и Полска ги освоија првите две места кои водат во следната рунда.

Белорусите вечерва го имаа извонредно расположеното крило Валиупау кој средбата ја заврши со 8 гола. Кај Австрија најефикасен беше искусниот Божовиќ со 7 погодоци.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноГабон и Мароко си поделија по бод доволен за следна фаза (ВИДЕО)
СледноНов лик на Пелистер: Ванчо Мицевски директор, „дрим-тим“ во УО!