Она што се најавуваше претходните денови сега е и официјално потврдено. Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП) испратила писмо до тенисерите дека само вакцинирани тенисери ќе можат да настапуваат на турнирите во Франција, вклучувајќи го и Ролан Гарос.
Француската тениска федерација го известила АТП дека ќе биде усвоен законот за забрана на учество на невакцинирани спортисти во кој било спорт. Очигледно, тенисер нема да може да влезе со антитела од претходната инфекција, доколку не примил барем една доза од вакцината.
Засега не е јасно дали на играчите кои се опоравиле од коронавирусот ќе им биде дозволено да играат доколку не примиле барем една доза од вакцината.