Младите сили му донесоа победа на Јунајтед, Роналдо бесен го напушти теренот (видео)

1896

Манчестер Јунајтед славеше победа над Брентфорд во гости со 3:1 во рамките на 17. коло на Премиер лигата. Сите погодоци на овој меч паднаа во второто полувреме, а „Ѓаволите“ до трите бода стигнаа благодарение на младите сили – во 55. минута погоди Антони Еланг, а седум минути подоцна мрежата ја затресе Гринвуд. На 3:0 зголеми Маркус Рашфорд во 77. минута.
Брентфорд само го ублажи поразот со гол на Тони во 85. минута.
Во 71. минута се случи интересна ситуација кога менаџерот Рангник реши да го извади Роналдо од игра и да го внесе Мегваер. Тоа не му се допадна на португалскиот ас.

Јунајтед е на седмото место на табелата, а Брентфорд е на 14-тото.

ПретходноСосиедад го преслуша Атлетико и се пласира во 1/4 финалето на Купот (видео)
СледноИнтер беше пред елиминација од Емполи, но чудесно се врати (видео)