Тимот на Челзи синоќа не успеа на гостински терен против тимот на Брајтон да освои цел плен, туку мораше да се засоволи до ремито 1:1. За Челзи ова е четврти меч во серија без победа и тоа веќе станува проблем за „Сините“ од Лондон и за менаџерот Томас Тухел.
„Изгледаме заморено на терен. Знаевме дека Брајтон е одлично подготвен, противникот имаше повеќе време и помалку мечеви зад него. Пробавме се, но едноставно немавме доволно сила. Не невме во состојба да го контролираме Брајтон, но тоа им се случи и на многу други екипи“ – изјави Тухел по мечот.