Реал Мадрид се уште нема добиено ниту една понуда за играчот од средниот ред Еден Азар, објави шпанскиот новинар Алваро Монтеро.
„Колку што знам Реал Мадрид ќе ја прифати првата добра понуда за него, но има огромен проблем, бидејќи играчот сака да остане во Мадрид, а и никој не испратил понуда за него. Ова му е трета сезона, но поради повреди не го покажа максимумот што го покажа во Челзи. Тој сака да си даде последна шанса, а потоа ќе види што ќе се случи на лето“, изјавил Монтеро за англиски „Скај Спорт“.