Ал Наср ќе ја активира клаузулата на Столе: Договорена плата од 2 милиони годишно!

1365

Управата на саудискиот клуб Ал Наср е блиску до договор со македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, велат денеска најновите вести од тамошните медиуми. Изворите посочуваат дека Ал Наср оди кон активирање на клаузулата од 6 милиони евра, за да го раскине договорот на Столе, кој е во сопственост на шпанскиот клуб.

Ваквиот потег ќе следува откако управата на Рајо одби две понуди за нашиот голман, едната за 3,5 милиони евра, а другата за 5 милиони евра. Тамошните извори тврдат дека Ал Наср се договорил со играчот за неговите лични услови, бидејќи договорот би се потпишал за период не помал од 4 години, за плата од два милиони евра годишно.

Управата на Ал Наср го стави голманот на Вест Хем, полскиот интернационалец Лукаш Фабијански, како алтернативна опција во случај договорот со Димитриевски да пропадне.

ПретходноЈани Атанасов потпиша нов договор со Хајдук
Следно„Баделки“ поразени и во Нови Сад