Астон Вила доведе голман на Рома

231

Астон Вила во текот на вчерашниот ден официјално го објави ангажманот на Робин Олсен. Членот на Рома во тимот пристигнува на позајмица до крајот на сезоната. Во текот на првиот дел од сезоната, шведскиот интернационалец беше позајмен во Шефилд Јунајтед , каде одигра 11 натпревари со 17 примени голови. Сега, пристигнива во Бирмингем каде што за стартната позиција ќе се бори со Емилијано Мартинез.

„Среќен сум. Чекав неколку дена да дојдам овде, па кога се разбудив утрово и знаев дека ќе потпишам со клубот, бев многу среќен. Одлуката да се приклучам на тимот беше лесна. Кога првпат дознав за оваа можност од мојот агент, решив да направам се што е можно за да го сменам клубот и да потпишам со Вила . Тоа беше лесен избор од првиот повик на мојот агент. Кога ќе ја видите клупската база од паркингот, сфаќате дека клубот е голем. Сум слушнал дека основата е добра, но кога си внатре и ги гледаш условите, тоа е неверојатно. Имате се што ви треба за да растете и да станете најдобри што можете. Ејми е многу добар голман и мислам дека работата со него ќе ме направи подобар“ – изјави Олсен.

ПретходноТухел: Преморени сме, и не можевме да го контролираме Брајтон (ВИДЕО)
СледноНадал лесно во следната фаза од АО