Кошаркарките на Бадел 1862 го одиграа и вториот натпревар од Супер лигата на WABA. По гостувањето во Подгорица, македонскиот вицешампион имаше уште една тешка задача, на гостински терен во Нови Сад, против екипата на Војводина 021.
Домашните кошаркарки славеа убедливо со 79:55, пред се поради лошата прва четвртина на нашиот тим во кој направија предност од 23:7. Работите не се сменија ниту на почетокот на втората четвртина која новосаѓанки ја отворија со серија од (10-0), во нецели четири минути, за недостижни (33:7).
Второто полувреме донесе далеку поизрамнета игра. Нашиот претставник заигра многу подобро за до крај да се обидат барем малку да ја анулираат негативата. Првата победа во втората, суперлигашка фаза од женското регионално натпреварување, кошаркарките на Бадел 1862 ќе ја бараат за една седмица. На 26 јануари на домашен терен ја пречекуваат екипата на Триглав.